Неделна доза ентериер:

Еден од последните боемски простори во хотел „Челзи”, Њујорк

Можете ли вие да живеете во цел тој глитер?

Уметникот и фризер Џералд Декок живее во Челзи веќе 25 години и е еден од 50-те последни жители на хотелот, кој, во најдобрите денови вдомувал културни великани како Енди Ворхол, Пети Смит и Џим Морисон (се спрема и книга).

Инаку, сега веќе осма година се реновира и планот е да биде луксузен хотел. 

И, како е да се живее во оваа боемска шаренотија?

Додека студентите и дојденците се фаќаат за монохроматски варијанти на декорација, паднати во несвест од црно-бело-сивата инспирација што ја расфрла Њујорк, постарите жители од петни жили се трудат да ја задржат бојата. Контра сивилото на овој град, Декок по дома се чувствува како крал, „како да добил на лотарија”.

А чудесна комбинација е.

Сме виделе шарено, го имавме бродот, станот на Ејми Седарис, станот што нè натера да напишеме наслов „Колку многу боја!” ама ова - не сме виделе.

Тешко е, и за бришење прашина, и за усисавање, па и за готвење (далеку се тие рингли од индукциски), ама дали сме љубоморни, особено кога ќе се земе предвид нашиот локален, ограничен избор за домување?

Ехее.

Ни се трошат нас секој ден вакви дијаманти, а и менталниот склоп ни е далеку од преуредување хотели, стари градби и фабрики. 

Затоа, ќе си погледаме:

29 ноември 2019 - 00:00