Неделна доза ентериер:

Станот на Ејми Седарис е чудо

Како може да се биде шармантен забавувач со светска слава и обично тетче истовремено?

Ејми Седарис ви е од оние ликови што сте ги виделе во повеќе филмови, не сте ја виделе во главна улога, ама обавезно е чудна, претерано фина тетка со тикови.

И во приватен живот не е толку далеку. На најшармантен можен начин.

Од оние станови каде што во секој можен ќош се отсликува карактерот на сопственикот. Од зајакот, до најглупиот нож, до чудните слики, до боите, и изјавата дека кога книгите ти се наредени по боја, баш и не можеш да фрлиш ниедна, затоа што ќе ти се наруши концептот.

 

2 јануари 2019 - 13:29