Улогата Вуди Ален специјално ја напишал за Китон, откако работеле заедно на Play It Again, Sam, Sleeper и Love and Death. Таа ликот го сметала за попријатна верзија на себе - и двете биле полу-речити, сонувале да бидат пејачки и страдале од несигурност - и се изненадила што го добила Оскарот.
Вистинското име на Китон е Дајен Хол, и иако прекарот „Ени“ понекогаш се користел за жени со тоа име, Китон има кажано дека никој така не ѝ се обратил. Филмот е базиран на вистинската врска на Китон и Вуди Ален, но делот каде што Ени потекнува од Чипава Фолс, Висконсин е инспириран од претходна врска на Ален, со пејачката Џуди Хенски.
Модните комбинации на Ени, кои едно време поставувале трендови, се од плакарот на Дајен Китон лично. За неа има изјавено дека ѝ е омилена улога и дека филмот многу ѝ значел. На прашањето дали како актерка ја загрижувало тоа што најмногу се поврзува со таа улога, вели:
„Не ми е кошмар Ени Хол. Среќна сум што сум Ени Хол. Ако некој сака така да ме гледа, немам проблем со тоа.“