Се излејаа солзи, кој во кино, кој дома со видео, се пристапи кон масовно заљубување во Леонардо ди Каприо. Одеднаш, секоја вожња со најобичен траект му стана кошмар на секој екипаж затоа што немаше пар што не сакаше да ја рекреира сцената.
Сто години подоцна, откако се истолкува секој детал од филмот и приказната, на ред доаѓаат костимите. Минатиот пат гледавме модна историчарка како елаборира на тема „Брилијантин” и колку е таму точно облекувањето, сега истата ја има на тема - Титаник.
Според неа, за филмот многу темелно се истражувало и голем дел од костимографијата е погодена - затоа и Оскарот во таа категорија.
Пример: Првата појава на Роуз, во женскиот костум е точна до ракавица, тешко се заборава и има зошто - освен што е совршено облечена, костимографката го креира костимот со инспирација директно од модни магазини во тоа време, а ако ѝ фалеле детали - одела по музеи.
Со тоа што, овде не ни зборуваат само за тоа што го гледаме, туку и за тоа што би требало да е втор, трет и така натаму слој, до гола кожа: