Чао, Стенфорд

Вили Гарсон, обично познат по улогата на Стенфорд Блач, пријателот на Кери Бредшо во „Сексот и градот“ и веројатно меѓу последните холивудски прототипи на „геј-френд“ почина на 57-годишна возраст.

На социјални мрежи потврди син му, а причината за смртта не ја кажуваат.

Освен „Сексот и градот“, се имаше појавено во многу други серии (NYPD Blue, White Collar, Stargate SG-1), но баш како Стенфорд Блач успеа да ја освои публиката.

Требало и да глуми во новото продолжение And Just Like That; претходно глумеше и во филмовите.

Синтија Никсон се поздрави:

Еве го, во најзапамтливите сцени од „Сексот и градот“ и уште по некое место:

 

22 септември 2021 - 09:16