Ако маж ти бил претседател, не значи дека не смееш да го закачаш

Мишел Обама има мемоари со наслов Becoming, и меѓу другото, искористува прилика цело време да го закача сопругот, кој случајно е првиот црн американски претседател. Меѓу другото.

Обично, мемоарите на една прва дама се пишуваат за да се убедат читателите за автентичноста на претседателскиот брак, за да веруваат дека претседателот и неговата сопруга вистински си се допаѓаат и си веруваат и дека за возврат и читателот треба да верува во нив.

Обично е така, а во мемоарите на Мишел Обама, жената ја користи секоја (и најмала) можност, народски кажано, да го дупи својот сопруг, што за модните катастрофи, што за глупите фаци што ги прави.

А целта на традиционалниот концепт за мемоари на прва дама е постигната - со секое закачање, љубовта што издишува од зборовите на Мишел ја цементира автентичноста на нивниот брак и предизвикува повеќе восхит.

Најзабавните делови:

1. Кога го трачари уште пред да се запознаат

Се запознале кога Барак добил летна работа во фирмата каде што работела, па му ја доделиле неа како ментор. Воопшто не била импресионирана.

На пример, доцнел на првиот работен ден, што нејзе ѝ било глупост.

Второ, имал репутација на брилијантен и сладок, а Мишел била скептична. „Искуството ми кажуваше дека кога ќе му облечеш костум на било кој полуинтелигентен црнец, белците секако полудуваат.” Кога видела слика од него, не ни трепнала, а впечатокот го опишува како „тип со голема насмевка и малку гик.”

2. Кога не му ги трпи модните избори

Додека уште се дружеле, Мишел решила да го прошета со некои нејзини другарки за да му намести некоја. Но, кога се појавил: „Се пресоблекол од работа, како што видов и носеше бел блејзер како излезен од плакарот за костими на Мајами Вајс. Ах.”

3. Кога се измачувал околу нееднаквоста во приходите

Кратко откако почнале врска, Мишел се разбудила една вечер и го нашла буден и замислен. Изгледал како да го мачи нешто и да размислува нешто многу лично. Се загрижила дека можеби размислува за нивната врска, или за загубата на татко му.

И му шепнала, „Еј, што размислуваш?”

„Се сврте, со глупа насмевка. ‘О, само размислував за нееднаквоста во приходите.’” Вистински му се восхитува за неговите размислувања, но сепак, ќе го закачи: „Пробај да живееш со тоа.”

4. Кога е скроз сигурна дека не му е паметно да се кандидира

Барак почнува со политичката кариера во средина на ’90-ти и Мишел не била пресреќна. „Искрено,” пишува, „мислев дека ќе го изедат жив.” Дури после некое време одлучува дека ќе го поддржи.

„Ова не е некоја новост, ама маж ми сепак стана политичар. Беше добар човек што сакаше да влијае на светот и покрај мојот скептицизам, реши дека така е најдобро. Таква му е вербата.

5. Кога се вљубиле заради заедничката љубов кон ловење глупости

За време на тоа судбоносно лето, Мишел и Барак се зближиле со тивко, заедничко презирање на останатите во фирмата. „Ќе се погледневме кога луѓето се потресуваа до степен на манија,” пишува таа, „кога колегите коментираа безобразно или немаа поима.”

А на првиот состанок биле на „Клетници” и се поврзале бидејќи и на двајцата им било тапа:

„Не знам дали бев лошо расположена, или самата претстава беше проблем, но времето го поминав измалтретирана од француска мизерија. Извици и синџири. Сиромаштија и силување. Неправда и опресија. Милиони ширум светот беа вљубени во мјузиклот, а јас се виткав во седиштето, обидувајќи се да се издигнам над необјаснивото измачување со секое повторување на мелодијата.

Кога се запалија светлата, го погледнав Барак. Тој беше згрбавен, потпрен на страна, со прстот на чело, а изразот му беше нечитлив. ‘Што мислиш?’ му реков.

Тој ме погледна од страна. „Ужас, нели?”

The rest is history.

15 ноември 2018 - 13:08