„Една година сум мајка и нешто сум лута“ е насловот на едно многу значајно видео, чија авторка, Саманта Равндал забележува некои неферски работи што почнуваат да важат за време на бременост и откако ќе родиш.
На пример, на што и да се пожалиш, дали отечени нозе или непроспиени ноќи, или недајбоже сериозни проблеми, луѓето како да имаат тенденција да заклучат - „А бе, само да е живо и здраво!“ или „Барем бебето ти е супер!“
Не дека не се убави и точни овие заклучоци. Нормално е дека бебето е најважно. Ама нели може некако да се договориме дека - и мајката и бебето се важни?
Може ли да се договориме дека, кога трудница ќе се пожали со „лошо ми е“, пофино е да се каже „лелеее, баш ми е жал, ај пробај кока-кола, така една другарка…“ наместо „Ееееее, тражили сте…“?
Луѓе, жените не престануваат да бидат важни само затоа што станале мајки. Животот не им престанува и не треба да се претвораат во сенка зад некој нов живот.
За здраво и правилно развиено дете е потребна здрава и почитувана мајка.
Од ваша сме: