- Со нова онколошка терапија, лекарите од Клиничко-болничкиот центар во Ријека успешно ги третирале здравствените компликации што се појавиле како резултат на третманот на примарната болест - тумор на жолчниот канал.
- Станува збор за хипербарична кислородна терапија, првпат пробана на хрватската писателка и колумнистка со остар јазик, Ведрана Рудан.
- Ѝ било подобро веќе после три дена, болките престанале и ѝ се вратил апетитот - за две недели вратила 10 килограми.
- „Денес одам, јадам, пијам и повторно живам. Единствен проблем ми е што не знам дали е ова сон или реалност,“ вели Рудан.
- Иранските власти одобрија план со кој се предвидува „патарина“ за сите комерцијални бродови кои минуваат низ Ормускиот Теснец.
- Висината на таксата ќе зависи од тонажата и видот на товарот. Најмногу ќе бидат погодени нафтените танкери, со оглед на тоа што низ овој теснец минува околу 20% од светската нафта.
- Меѓународните правни експерти го оспоруваат овој потег, повикувајќи се на Конвенцијата на ОН за правото на морето, која гарантира слободен премин низ меѓународните теснеци. Но, Иран тврди дека бидејќи тие го гарантираат мирот во овие води, имаат право на надомест за безбедност.
- Се проценува дека ова ќе доведе и до покачување на цената на нафтата и до поскапување на осигурувањето: бродовите ќе мора да плаќаат повисоки премии поради ризикот од заплена доколку не платат патарина.