Загреб: Учителката е стабилна, родителите бесни, полицијата ја чува куќата на таткото на убиецот
21 декември 2024
- Учителката од училиштето во Загреб во кое психички пореметен 19 годишен дечко и со нож ѝ нанесе преку 30 убодни рани е во стабилна состојба и е симната од механичка вентилација. Свесна е и засега нема потреба од дополнителни операции. Се опоравуваат и ранетите деца.
- Бесни не се само родителите на децата од школото во кое се случи нападот. Системот очигледно потфрлил, школото било без обезбедување. „Имаат пари да купуваат авиони, имаат пари за мито корупција, немаат да ги заштитат децата,“ коментираат родители.
- Напаѓачот денес бил на операција на вратот заради убодна рана кога сакал да се самоубие. Го посетила министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, но како лекарка, не како функционерка. Куќата на татко му ја чува полиција за да не дојде до обид за одмазда.