- Новиот буџет е рекорден и тежок 4,4 милијарди евра (само што нема да крадеме по 500 милиони годишно како врмо и дуи, ќе имаме доволно пари, викаа на времето кога маваа со бои по градот).
- Од 4,4 милијарди, планираат да имаат покритие (главно од даноци) за 3,8 милијарди; за останатите ќе се задолжуваат.
- За купување возила институциите ќе потрошат 5,4 милиони евра. За мебел 1,8 милиони евра. За договорни услуги ќе се потрошат 116 милиони евра, за стоки и услуги 327 милиони евра. За невладини организации има 12 милиони евра.
- Претседателот Владимир Путин се согласил да ги обнови мировните преговори со Украина, по средбата со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф во Царската палата во Санкт Петербург.
- Првата средба на делегации од Русија, Украина и САД би можела да се одржи веќе на 10 ноември во Абу Даби.
- Володимир Зеленски, кој претходниот ден се сретна со Виткоф во Осло, изјави дека би прифатил мировен договор со кој Украина и Русија би се разграничиле по сегашната линија на фронтот.
- Кремљ забележа дека предлозите од Украина и од Европа утврдени во Осло „имаат малку суштина“ и дека Москва инсистира на преговорите да се решат и долгорочните прашања.
- „Ова е најблиску што сме биле до завршување на војната во Украина“, оцени Доналд Трамп.
- Државниот секретар Марко Рубио изјави дека и Русија и Украина ќе мораат да се откажат од некои свои барања ако сакаат да заврши војната. Истакна дека Русија е поканета на самитот на Г-20 во Мајами, на кој би можел да учествува шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, па дури и Путин.
- Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
- Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
- „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
- Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
- Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
- Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.