- САД со вето ја блокираа резолуцијата на ОН со која се повикува на безусловен и траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите израелски заложници и непречен пристап на хуманитарна помош за цивилите.
- Сите други 14 членки на Советот за безбедност на ОН ја поддржаа резолуцијата, во која ситуацијата во Газа е опишана како „катастрофална“. Израел беше повикан да ги укине сите рестрикции за доставување помош до повеќе од 2 милиона Палестинци во Појасот.
- Амбасадорката Дороти Шеј објасни дека гласала против бидејќи во текстот на резолуцијата Хамас не е наведен како терористичка организација.
- „Нема да поддржиме ниту една мерка во која нема осуда за Хамас и не се повикува Хамас да се разоружа и да ја напушти Газа“, изјави амбасадорката.
- Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур изјави дека наскоро ќе побара гласање во Генералното собрание на ОН, каде што нема вето, за усвојување слична резолуција, која сепак не би имала обврзувачки карактер.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.