- Фамозната и озлогласена мултинационална инвестициска Годзила, БлекРок, престанала да бара инвеститори за амбициозниот план вреден многу милијарди долари за пост-воена обнова на Украина.
- Фондот за оваа намена кој требаше да биде обелоденет на Конференција најавена за следната недела во Рим, бил близу до обезбедување на основниот пакет за кој поддршка дале владите на Германија и Италија и Полска.
- Идејата беше за почеток да се соберат 500 милиони долари од држави и две милијарди долари од приватни инвеститори, обелодени лани потпретседателот на Блeк Рок, изјави Филип Хилдебранд.
- Меѓутоа, во јануари БлекРок решиле да ги прекинат разговорите со институционалните инвеститори поради недостаток на интерес кој е резултат на зголемената неизвесност околу иднината на Украина.
- Американските власти уште во декември ги немаше меѓу оние кои го поддржуваат Фондот за обнова на Украина.
- Во меѓувреме, Франција работи на алтернативен предлог фонд кој би ја заменил иницијативата на БлекРок, но без Американците, тешко дека тоа ќе успее.
- Светската банка проценува дека за обнова на Украина, после завршувањето на војната, ќе бидат потребни најмалку 500 милијарди долари.
- Илон Маск има намера да го сруши партискиот дуопол на демократите и републиканците поради што официјално влегува во политичката арена основајќи сопствена политичка опција - Американска партија.
- „Денот на независноста е вистински момент да се запрашате, сакате ли независност од двопартискиот, некои би рекле, еднопартискиот систем,“ порача Маск на Икс.
- Маск проценува дека со оглед на секогаш тенкото мнозинство кое го имаат едните или другите, ќе бидат доволни две-три места во Сенатот или победа во осум до десет окрузи за Претставничкиот дом, за да се осигура пресуден глас при донесување контроверзни закони.