Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Урсула ги доби гласовите, ама ја губи довербата

10 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европратениците ѝ изгласаа доверба на претседателката на Европската комисија, но дебатата пред гласањето и резултатите покажа дека „Пандорината кутија е отворена“ и дека позицијата на Урсула фон дер Лејен е понестабилна од кога било откако дојде на власт во 2019 година.
  • Иницијативата за изгласување недоверба ја отфрлија 360 пратеници, а ја поддржаа 175. Со ваков однос на гласовите таа лани немаше да го добие вториот мандат на челото на Европската комисија. За да биде успешна, иницијативата требаше да добие поддршка од двотретинско мнозинство.
  • Предлогот го поднесе романскиот пратеник Георге Пипереа во врска со аферата „Фајзергејт“, односно за „недостигот од транспарентност и лошото управување во контекст на пандемијата на коронавирусот“.
  • Фон дер Лајен беше обвинета дека директно преговарала со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за купување на 1,8 милион дози вакцини во вредност од 26 милијарди евра. Таа одби да ги обелодени  СМС пораките со директорот на „Фајзер“ што предизвика лавина реакции. Дури и Судот на правдата на ЕУ донесе одлука кореспонденцијата да биде обелоденета.
  • Убедена дека ќе добие поддршка, шефицата на ЕК ги обвини поддржувачите на иницијативата дека се „антиваксери“, „обожаватели на Путин“ и дека „се служат со стари трикови на екстремисти“. Поднесувачот Пипереа го обвини за „дестабилизација на европските институции преку лажни обвинувања и теории на заговор“, но не понуди аргументи во своја одбрана.

In a moment of global volatility and unpredictability, the EU needs strength, vision, and the capacity to act.

We need everyone to deliver on our common challenges.
Together.

As external forces seek to destabilize and divide us, it is our duty to respond in line with our…

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 10, 2025
извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Стари, што беше бе тоа?

Видео
2

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
3

Ајрон Мејден знаат знаме да одберат

Музика
4

Демек мангуп а?

Фудбал
5

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Разно
6

Запрете ја вештачката интелигенција!

Видео
7

Фридрих Мерц тврди дека е свесен

Разно
8

Антиќ: На Тони Паркер не му дадоа сепаре, на нас Македонците ни дадоа

Кошарка
1

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
2

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
3

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Занимливости
4

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

5

Милиони хакерски напади врз интернет

6

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Свет
7

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
8

И Европа размислува за директни преговори со Путин

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оскаровскиот потег на Марлон Брандо

Живот програмерски

Запомнете го овој убав македонски збор

Ако не сте женети, размислете за Бугарка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy