Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп спречил израелски напад врз нуклеарни постројки на Иран

17 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот претседател Доналд Трамп блокирал израелски план за воен напад врз критични постројки во Иран и се решил на преговори со Техеран како подобра опција за ограничување на иранската нуклеарна програма.
  • Израел веќе имал подготвено план во мај да нападне нуклеарни инсталации на Иран, но не можел да го спроведе без воена поддршка од американските сили во регионот.
  • Кога премиерот Нетанјаху го посети Трамп во Белата куќа на 7 април, главната тема на  разговорите не биле тарифите, туку планот за напад врз Иран. На истата тема шефот на ЦИА Џон Ретклиф пред една недела во Ерусалим разговарал со Нетанјаху и шефот на Мосад.
  • Првичниот план на Израел опфаќал комбинирана акција од бомбардирање и десант на командоси, но за таква операција немало услови до октомври. Премиерот Нетанјаху оценил дека тоа би било предоцна.
  • Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси изјави дека Иран има доволно материјал за да направи неколку нуклеарни бомби, но и дека сè уште нема нуклеарно оружје.
извор

Иран ќе се приклучи на банката за развој на БРИКС

12 август 2026
  • Share
  • Post
  • Иран наскоро ќе ѝ се приклучи на Новата банка за развој на блокот БРИКС, што на Техеран ќе му отвори нов канал за финансирање на развојот, надвор од системот во кој доминираат западните земји.
  • Иран, кој со децении трпи тешки американски и меѓународни санкции, пред две години стана полноправна членка на БРИКС, економско-политичкиот сојуз формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
  • Една од главните цели на БРИКС е да ја намали зависноста на членките од американскиот долар преку поттикнување на трговија и финансиски трансакции во нивните национални валути.
  • Иран се залага за билатерални порамнувања во локални валути, па дури и за воведување единствена валута на БРИКС. Новите чекори кон дедоларизација опфаќаат поединечни аранжмани – како што се плаќањата во јуани за трговија со нафта и гас, и напорите на Русија и Иран за поврзување на нивните банкарски системи.
извор

Прогласена епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини

12 август 2026
  • Share
  • Post
  • Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во три скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската општина Илинден.
  • Од почетокот на годината се регистрирани 24 потврдени случаи на заболени од западнонилска треска, а двајца пациенти се суспектни. 
  • Еден пациент заболeн од западнонилска треска починал. Станува збор за 83-годишен пациент, кој, според здравствените власти, имал повеќе коморбидитети.
  • Од 20 пациенти примени на Клиниката за инфективни болести, пет се во критична состојба и се на механичка вентилација. Најголем дел од заболените се пензионери.
  • Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, изјави дека нема место за паника, туку дека е потребна внимателност и одговорност од страна на граѓаните. Андовски апелираше граѓаните да преземаат мерки за лична заштита, да носат соодветна облека и да избегнуваат места каде што е најголема изложеноста на комарци.
  • „Ова не е ново заболување, присутно е и во текот на претходните години, а годинава актуелната епидемиолошка состојба, бројот на потврдени случаи и активноста на вирусот наметнаа потреба од засилен институционален одговор. Ја следиме состојбата во координација со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, Комисијата за заразни болести и Клиниката за инфективни болести, со цел навремено да ги идентификуваме и третираме случаите, како и да спречиме појава на нови случаи“, истакна Андовски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Урбан
2

Елмас на крајот ќе игра за трет клуб во Италија

3

Џ.Д. Венс ги запрел украинските напади врз танкери во Црно Море

4

По инвазијата врз Сеута силувани пет девојчиња помлади од 14 години

5

Персеиди или кога светецот плаче: метеорскиот дожд кој може да се гледа вечерва

Bookbox
6

Детал од едно пијанство

Балканштина
7

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Фудбал
8

Станковиќ исвиркан, Црвена звезда испадна од Лига на шампиони

Фудбал
1

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Урбан
2

Џ.Д. Венс ги запрел украинските напади врз танкери во Црно Море

3

По инвазијата врз Сеута силувани пет девојчиња помлади од 14 години

4

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Балкан
5

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Занимливости
6

Прогласена епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини

7

Израел пали шумски пожари за да го пеплоса Либан

Свет
8

Швајцарците на референдум ќе ја бранат неутралноста

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Брегалница бара хакер

Балканштина

Администраторски поздрав

Македонштина

Што ли се става во оваа кошничка?

Балканштина

Детал од едно пијанство

Македонштина

Патриотски булинг

Медиуми

Крајот веста ја краси

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Поубаво девојче од национално девојче

Медуза од Битола. Каде се, што прават?

МиТу се бетер лицемери од ЈуТу

Боди билдинг на македонски начин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy