- За време на претстојната поседа на Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ, американскиот претседател планира да потврди дека Персискиот залив ќе го нарекува Арапски Залив или Заливот на Арабија, велат извори во Белата куќа.
- Арапските држави веќе го викаат така но Иран, односно поранешна Персија, инсистира на името кое се користи со векови и му се има заканувано на Гугл за арапското решение.
- Трамп заливот меѓу Иран и Арапскиот полуостров го викаше Арапски и во неговиот прв мандат, на што тогашниот шеф на иранската дипломатија прокоментира: „Сите знаеја дека пријателството на Трамп е на продажба на оној што ќе понуди најмногу. Сега знаеме дека и географијата е на тезга“.
- Трамп претходно го ребрендираше Мексиканскиот залив во Американски, Гугл ја прифати таа промена на што мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум побара од компанијата да ги преименува и САД во „Америка Мексикана“.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.