- Доналд Трамп најави дека САД со четири пати повисока тарифа ќе возвратат на најавените европски царини за алкохолни пијалоци.
- „Европската Унија тукушто воведе грда царина од 50% за виски. Ако оваа царина итно не биде укината, САД многу скоро ќе воведат царина од 200% за сите вина, шампањци, алкохолни производи од Франција и од други членки на ЕУ“, предупреди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
- Вискито е меѓу американските производи во вкупна вредност од 26 милијарди евра за кои ЕУ најави дека ќе ги оцаринува од април. Брисел вели дека е спремен за преговори зашто „никој нема полза од царинска војна“.
- Европската Унија лани продалa вино во САД во вредност од 4,9 милијарди долари. САД ѝ продале на Европа виски за 699 милиони долари.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.