Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ги крена тарифите за Србија и БиХ

8 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 14-те избрани земји на кои претседателот Доналд Трамп од 1 август им воведува значително повисоки тарифи за увоз на производи. Србија е погодена со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%.

  • Тарифите за другите земји се во рангот од 25% за увоз на стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис, 30% за Јужна Африка, 32% за Индонезија, 35% за Бангладеш, 36% за Камбоџа и Тајланд и 40% за Лаос и Мјамнар.

  • Во писмата што им ги испратил на претседателите Трамп ги известува дека „новите царини биле неопходни за да се корегираат трговските дефицити на САД“. Ги предупредува дека на секое нивно зголемување на царините САД реципрочно ќе одговорат, а при отстранување на царинските и регулаторните бариери „можеби“ ќе разгледаат намалување.
  • Белата куќа објави дека до крајот на неделата ќе бидат испратени писма со идентична содржина, но со различен процент на тарифи и до други земји.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Музеј на современи вазали

Македонштина
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
6

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

7

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
8

Почина цајканот од сељаците

Музика
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
5

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

Важна информација за битолчани

8

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Молба за работа: Живеам со свекрва...

Надеж даваат само поединци

Риплај на денот

Холандска Екселенцијо, кажете драгичка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy