- Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека царини од 80% за увоз на производи од Кина „се чини дека се колку што треба“.
- Таквите тарифи би биле речиси двојно пониски од актуелните 145% што Трамп ѝ ги наметна на Кина.
- Изјавата на Трамп се поврзува со дијалогот што министерот за финансии Скот Бесент и трговскиот преговарач Џејмисон Грир го почнаа со кинескиот економски цар Хе Лифенг во Швајцарија за надминување на трговската војна.
- „Кина треба да го отвори својот пазар за САД. Тоа би било добро и за нив! Затворените пазари повеќе не функционираат. 80% тарифи за Кина се чинат добри. Останува на Скот Б.“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
- Официјалните мерни инструменти покажуваат дека температурата во главниот град на Индија е 43,5 целзиусови степени.
- Меѓутоа, термалнитe камери поставени од Гринпис покажуваат дека на одредени локации во градот, вистинската температура која ја трпат луѓето оди и до 64 степени. Тоа го прават улиците, асфалтот, бетонот, сообраќајот....
- Термалните камери под сенка мерат „угодни“ 40-тина степени но моторџии кои под директно сонце чекаат на семафор или да мрдне колоната се на над 60 степени.
- Бетонски клупи за одмор имале температура од речиси 57 целзиусови степени.
- Европската Унија е подготвена од јули да почне преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.
- Оценила дека дека процесот на проширување значително се забрзал и дека во последните месеци е постигнат поголем напредок отколку во претходните 15 години.
- Во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата треба да затвори уште две преговарачки поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.
- Во меѓувреме, Унијата работела на нов пакет санкции против Русија.
- Освен што е во војна, Украина лошо стои со корупцијата а Молдавија е полошо рангирана и од Македонија според последниот Corruption Perceptions Index на Транспаренси.