- Колумна напишана по откажувањето на закажаниот концерт на Раде Шербеџија, поради „пиетет кон жртвите во Вуковар.“
- „Има 30 години како Вуковар е претворен во мерка на нечиј патриотизам“, пишува Дежуловиќ за градот кој е “претворен во беатифицирана мумија за страхопочитување“.
- На ниво на гол патриотски симболизам Вуковар е светост, само што реалноста и бројките се драматично поинакви: не постои хрватски град од кој повеќе се имаат исселено луѓе - Вуковар за 10 години има изгубено една петтина од своите жители.
- Колумната има наслов: Јебо вас Вуковар.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.