- Обединетото Кралство не треба да го нарекуваат Велика Британија, бидејќи била „велика“ само во времето на колонијализмот кој заврши, оцени шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
- „Британија е единствениот пример на земја што се нарекува себе 'Велика'. Нема лутење“, изјави Лавров.
- Тој спомна дека единствената друга земја со овој епитет во името - „Великата Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија“ на Муамер Гадафи, повеќе не постои. Сега е Држава Либија.
- Британците својата држава вообичаено ја нарекуваат Ју-Кеј (UK), скратено од Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. На руски е Великобританија. Велика Британија всушност е името на островот на кој се Англија, Шкотска и Велс.
- Румен Радев се откажа од претседателската функција, најверојатно за да формира партија што ќе настапи на новите вонредни парламентарни избори во Бугарија. Неговиот втор мандат требаше да заврши идната година.
- „Денес последен пат ви се обраќам како претседател. Денешната политичка класа ги изневери надежите на Бугарите и прави компромиси со олигархијата. Вашата доверба ме обврзува да ги заштитам државноста, институциите и нашата иднина“, порача Радев во обраќањето до нацијата.
- До новите избори, неговата функција ќе ја извршува потпретседателката Илијана Јотова.
- Иако Радев официјално не потврдил, бугарската јавност со недели шпекулираше дека тој сака да формира партија, со цел да победи на вонредните парламентарни избори.