- Полицијата утрово го уапсила Артан Груби на граничниот премин Блаце.
- Груби, поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба во Државна лотарија. Заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Како раководител на владината седница Груби го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
- Ревизија покажа дека Груби и Бајрами оставила во Лотарија невалидна или неуредна документација во износ од близу 3 милиони евра.
- Со Одлука на Влада со која раководел Груби било отуѓено државно земјиште на фирмата на сопругата на Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.
- Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради вмешаност во „значителна корупција“ преку примање мито за поткопување на судските процеси.
- Бран на насилство избувна во Мексико откако најбараниот нарко-бос Ел Менчо беше убиен во операција на силите за безбедност, со помош од нова специјализирана американска единица за борба против наркокартели.
- Под водство на Ел Менчо, бандата Халиско Нова генерација (CJNG) прерасна во еден од најмоќните и најбрутални нарко-картели во Мексико. САД нудеа награда од 15 милиони долари за приведување или ликвидирање на Ел Менчо.
- На убиството на лидерот, картелот возврати со напади врз силите за безбедност во десетина мексикански провинции. Групи на CJNG палеле автомобили, банки и продавници, блокирале повеќе од 250 патишта и пукале врз војската и полицијата, кои користат оклопни возила и борбени хеликоптери.
- Гувернерот на Халиско прогласи вонредна состојба, го запре јавниот сообраќај, ги затвори училиштата и ги повика граѓаните да не излегуваат на улица. Вашингтон ги повика Американците во пет мексикански држави да се засолнат, а многу авиокомпании ги откажаа своите летови кон Мексико.
- Според анонимни извори на Ројтерс, во операцијата за апсење на Ел Менчо учествувала нова американска единица составена од повеќе агенции, специјализирана за борба против нарко-картели. И претседателката Клаудија Шајнбаум и Вашингтон тврдат дека мексиканските сили самите ја спровеле операцијата, со разузнавачка поддршка од САД.