- Глобално, најбараниот термин во годината која изминува е „Wordle“, популарната игра во која треба да погодиш збор од пет букви, која Њујорк Тајмс ја купи за милионска сума.
- Постојат и други верзии на таа идеја: Quordle (да погодиш 4 различни збора од по пет букви), Worldle (да ја погодиш државата од обликот на нејзините граници), Tradle (да ја погодиш државата според нејзиниот БДП и извоз). Кај нас популарна е македонската верзија Зборле.
- За вести, најбаран поим е Украина а високо котира и Владимир Путин.
- Годината пројде (а денот никако) барајќи содржини за Џони Деп, Амбер Херд, Вил Смит, Крис Рок, Кралицата Елизабета...
- Со кревањето врева дека нивната технологија е потенцијална закана за човештвото, Anthropic, OpenAI и другите водечки лаборатории за ВИ тивко се залагаат да бидат национализирани, оцени Алекс Карп, директорот на Палантир - најмоќната одбранбена компанија за ВИ во светот.
- Според него, основната цел на големите лаборатории е да добијат покритие за ризикот и заштита од одговорност во случај на тужби поврзани со штетите од нивните модели.
- „Овие бизниси мора да бидат национализирани бидејќи во спротивно секој од моите клиенти ќе тужи“, изјави Карп за CNBC.
- Владата е единствената институција со доволно пари и правен имунутет што може да преземе одговорност за штета од вештачката интелигенција.
- Администрацијата во Вашингтон веќе презеде удел од 9,9% во компанијата за чипови Интел, а од неодамна добива и 15% од продажбата на чипови на Nvidia и AMD во Кина.
- Доналд Трамп објави „голем напредок“ во разговорите за отворање американска воена база во Полска, како „историски чекор за нашето големо сојузништво“.
- Делегација од САД минатата недела ја посети Полска за да ги процени двете потенцијални локации за базата. Владата ги проценува трошоците за потребната инфраструктура за проектот на 15 до 17 милијарди злоти (приближно 4 милијарди евра).
- Во Полска веќе се стационирани околу 10.000 американски војници на ротациска основа, согласно билатерални договори, интегрирани во рамките на НАТО.
- Варшава се залага за постојано американско присуство поради „стратешкото значење на Полска на источното крило на НАТО“.
- САД вкупно имаат околу 85.000 војници стационирани низ Европа.