Карп: Компаниите за ВИ сејат страв за да бидат национализирани
18 септември 2026
- Со кревањето врева дека нивната технологија е потенцијална закана за човештвото, Anthropic, OpenAI и другите водечки лаборатории за ВИ тивко се залагаат да бидат национализирани, оцени Алекс Карп, директорот на Палантир - најмоќната одбранбена компанија за ВИ во светот.
- Според него, основната цел на големите лаборатории е да добијат покритие за ризикот и заштита од одговорност во случај на тужби поврзани со штетите од нивните модели.
- „Овие бизниси мора да бидат национализирани бидејќи во спротивно секој од моите клиенти ќе тужи“, изјави Карп за CNBC.
- Владата е единствената институција со доволно пари и правен имунутет што може да преземе одговорност за штета од вештачката интелигенција.
- Администрацијата во Вашингтон веќе презеде удел од 9,9% во компанијата за чипови Интел, а од неодамна добива и 15% од продажбата на чипови на Nvidia и AMD во Кина.