- Израелските сили ќе преземат контрола врз „големи делови“ од палестинскиот Појас Газа за да ги „исчистат од терористи“ и да бидат зони за безбедност, најави министерот за одбрана Израел Кац.
- Војската доби засилување од уште една дивизија и им порача на палестинските цивили итно да се евакуираат во јужните делови од Газа.
- Според групата за човекови права Гиша, израелските сили веќе контролираат 62 квадратни километри од Газа, што е 17% од нејзината површина.
- Министерот Кац не прецизираше кои сè територии од Газа ќе бидат преземени од Израел и дали тие ќе бидат анектирани или под привремена контрола и управа.