- Драган Б (со точка) Костиќ, легендата на македонското радио водителство, почина денеска на возраст од 75 години.
- Преку своите емисии на Македонското радио, Драган Б. Костиќ со децении ги промовираше во Македонија светските поп и рок хитови и беше лексикон за историјата на бендовите, пејачите, нивните песни и светските топ листи. Имаше една од најголемите колекции на плочи во Македонија.
- Својата богата кариера ја почна уште во 1970-ите години и наметна препознатлив водителски стил во емисиите „Диско селектор“, „Радио урнебес“ и „Заборави ако можеш“, а подоцна и „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Б со Точка“. Автор е на проектот „100 приказни за 100 песни“.
- На крајот од минатата година го имаше својот проштален диџеј настап „Последен танц“, со кој ја заокружи својата кариера од половина век.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.