- Обвинетиот Боре Видевски на минатото судско рочиште кажа дека го негира обвинението и секаква негова вмешаност во грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска, па обвинителките ги читаа неговите два исказа дадени пред нив, односно во истрагата, во декември 2023 година.
- Кажува дека идејата на Љупчо Палевски за киднапирање луѓе и барање откуп за нив, што му ја пренел сообвинетиот Велибор Манев, му се допаднала бидејќи бил во лоша финансиска состојба.
- На Панче му задал 2 удара во лицето, по што паднал.
- „Палчо ни го покажа девојчето на фотографија. Утрото на 27.11 тоа излезе од лифтот, Велибор и стави трака на устата. Ѝ рече да не вика, оти ќе ја убие. Велибор ја стави во гепек. По насока на Палчо, нејзиниот мобилен телефон го скршивме веднаш од патосницата за да се прекине секаков сигнал од него. Тргнавме кон Бразда, Палчо не чекаше на пат кон местото каде требаше да го носиме девојчето”, раскажувал во детали тој.
- „Ја спуштивме, беше во вреќа. Слушнав истрел, ја уби. Го прашав зошто го стори тоа? Ги крена рамениците, не одговори ништо”, вели Видевски во изјавата по апсењето.
- Сега тврди дека сето тоа го кажал од страв и поради тоа што бил многу тепан.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.