- Влеговме во МНТ како славната тројка: Славиша, Гораст и Сашко. Убавиот, грдиот и грдиот. Меѓу себе се нарекувавме Света Тројца.
- Ќе ни фали многу. Го гледам животот пред мене и замислував како ќе остариме заедно, ќе седиме тројца задрти старци и уште ќе се расправаме за истите работи.
- На овие настани обично се зборува колку си бил близок со некого. Но, мислам дека треба и да се каже колку не си бил близок и колку си можел да помогнеш. Не постојат зборови веќе.
- Кајевски беше погребан на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.