- САД и Кина се договорија привремено да ги намалат реципрочните тарифи на 10%, како прв конкретен чекор за надминување на трговската војна, која поттикна стравувања од глобална рецесија.
- „И двете страни имаат интерес за балансирана трговија. Превисоките тарифи практично беа ембарго. Никој не го сака тоа. Сакаме трговија“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент по преговорите со кинески претставници во Женева.
- Доналд Трамп неколку пати ги зголемуваше царините за увоз на кинески производи додека не ги крена на 145%. Кина возврати со тарифи од 125% за американски производи.
- Како прва реакција на веста, вредноста на доларот зајакна во однос на другите валути на светските берзи.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.