Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русјаков: Светлината на светот е темнина

11 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сакам да се исчистам од секакво стекнато знаење, мудрост, откритие до кое сум стигнал преку искуство и размислување. Искрено, би одел дури и подалеку. Би сакал да сум едноставно глуп и ништо да не разбирам, оти од она малку што досега сум го разбрал, ми се блуе.
  • Вчеравечер и без да сакам, поради Благојче, се сетив на Тамара, нека ангелите им ја подарат вечноста во царството небесно на обајцата! Се сетив на брендираната и грантирана хистерија, политичката некрофилија под амбасадорски чадори напикана за да биде заштитена од бурата на вистината, се сетив на лажната граѓанска вознемиреност, а всушност омраза, маскирана под шарите на некаква борба за правда и слобода, се сетив на нивниот бес премачкан со елитизам, демек урбана граѓанштина, на нивната желба за крв претставена како гнев поради прераната смрт на една чиста душа, се сетив и ми се преврте душата, оти еве и светот се преврте, па тие денес се на местото на оние против кои врескаа, ама чудни се патиштата Господови, сега и ним им се случи она за кое беа спремни други да линчуваат, само што наеднаш, не се тие виновни, туку бирократијата, а оние, намачканите со шарена правда и загриженост, од револуционери се ребрендираа во релативизатори, па ни објаснуваат дека ова секаде и секогаш се случува.
извор

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
  • Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
  • Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134. 
  • Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
  • Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
извор

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи. 
  • Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
  • Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
2

„Македонци претерали“

3

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
4

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

5

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

6

Галеријата НАД Собранието

Мислења
7

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
8

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
1

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

2

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

3

Галеријата НАД Собранието

Мислења
4

Нордијците спречуваат конфликт со Русија на Балтикот

Свет
5

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

6

Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната кон Медитеранот

7

Британија повика 100.000 резервисти да се подготват за војна

Свет
8

Пазарот на ВИ е балон со 97% сигурност

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од дуелот Самоил Малчевски вс. Петар Арсовски

Мајко моја, го имаме новиот „Кен ли“

Престанете да се секирате што многу се секирате

Коста Петров - Град на порази

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy