Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Рекорден рејтинг на бугарската Преродба која е за анектирање на Македонија

8 септември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Додека на последните избори беше прашање дали ултра-националистичка Преродба воопшто ќе влезе во парламентот, последните сондажи покажуваат дека тие сега се борат за трета по големина партија во Бугарија.
  • „Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа“, пишува во програмата на Преродба.
  • Претседателот на Преродба, неодамна се пофали дека илегално влегол во Македонија и оставил бугарско знаме на тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.
  • Додека Бугарите го вадат најлошото од себе, овдешните лицемерни одроди мантраат дека го тераат „европското“ и се колнат дека нема да скршнеме од тој пат (како некогаш од комунистичкиот). Нит во комунизмот стасаа, нит во ЕУ ќе стасаат.
извор

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
  • Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
  • Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.

  • Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
  • Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
  • Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
извор

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
  • Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
  •  Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата. 
  • „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
3

„Македонци претерали“

4

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
5

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
6

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
7

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
8

Зошто Гаштаров го прават стопер? Детето вреди 20 милиони евра

1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
3

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
4

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

5

Како хакираниот Брисел ќе чува податоци за 450 милиони луѓе?

Свет
6

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

7

Австриски опозициски лидер ја повика ЕУ да ги депортира мигрантите во Украина

8

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Помниме и уважаваме

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Те нема да се јавиш...

Медиумските преторијанци на Џозеф Бајден

Билјана влакно цветаше

Запознајте го Борис Гребеншиков, рускиот Боб Дилан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy