Од 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Биле поставени 40 камери.
Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.
Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.
Тинекс, еден од најпрепознатливите синџири супермаркети во Македонија со повеќе од 30 години историја, е во рацете на Проекс Интернационал.
Се работи за косовска компанија со седиште во Приштина, основана во 2011 година со главна дејност малопродажба (супермаркети), трговија со храна, пијалаци и тутунски производи, нафтени деривати и франшизи.
Единствен сопственик е друштвото „ЦДИ Косово“, каде 93 % удел има косовскиот бизнисмен Шаип Микуловци.
Тие се сега газди на целиот малопродажен бизнис под брендовите: Тинекс, СуперТинекс, Тинекс Деликатес, Конто и Спот, околу 30 супермаркети во 8 градови, како и логистички и производни капацитети.