- Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, поднесе оставка поради колапсот на банката Уено во која свои пари чуваа 60% од возрасните луѓе во земјата.
- Пења остана без поддршка од сопствената конзервативна партија и замина од функцијата неколку часа пред да почне процес за негово отповикување во Парламентот.
- Опозициски пратеници го обвинија Пења за судир на интереси, злоупотреба на пензиски фондови и за спречување надзор врз банката. Го поврзуваат со деловната групација Grupo Vazquez, во чија сопственост Уено беше сè до март 2025 година. Пења изјави дека го продал својот удел и дека немал никаква недозволена улога во работењето на банката.
- Приведени се осум директори на Уено, а гувернерот на Централната банка поднесе оставка.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.
- Два месеци пред да му заврши мандатот, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ги преиначи сите 548 смртни казни во сојузната држава во доживотна робија без право на условен отпуст.
- Одлуката е симболична, затоа што Њусом на почетокот на својот мандат во 2019 година воведе мораториум на извршување на смртни казни.
- Калифорнија нема извршено смртна казна веќе 20 години, иако судовите продолжуваат да ја изрекуваат оваа казна за лица осудени за убиство и други тешки кривични дела.
- На два референдуми, во 2012 и во 2016 година, жителите на Калифорнија со тесно мнозинство ги отфрлија предлозите за укинување на смртната казна.
- Околу 2.100 затвореници во САД се соочуваат со погубување. Ако Уставниот суд на Калифорнија ја потврди одлуката на гувернерот, нивниот број ќе биде намален за една четвртина.