Пред СЗО ќе се вее и палестинското знаме
26 мај 2025
- Палестинската делегација во Светската здравствена организација доби право да го развее своето знаме пред СЗО, како симболична победа што може да овозможи пошироко признавање на палестинската држава.
- Предлогот за истакнување на палестинското знаме го поддржаа 95 членки на СЗО. Против беа Израел, Унгарија, Германија и Чешка, а 27 беа воздржани.
- Палестинците имаат статус на набљудувачи, без полноправно членство во Светската здравствена организација. Сличен статус имаат и во Обединетите нации, откако Генералното собрание на ОН лани ја поддржа нивната кандидатура за членство.
- Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во јуни ќе ја признае Палестина како држава, но ги повика и сите арапски земји да го признаат Израел.