Вести › Набрзинка
Од авторски права, во Хрватска се заработиле 29 милиони евра
-
Минатата година била исклучително успешна за хрватските автори и носители на права: приходите од колективно остварување на авторските права достигнале рекордни 28,9 милиони евра, преку пет милиони евра повеќе од претходната година.
-
Меѓу најуспешните автори се Бејби Лазања, Бранимир Михаљевиќ, Марко Перковиќ Томпсон и раперот Грше.
-
Најголем раст е забележан во концертниот сегмент - дури 52,1%, што ја прави 2024 година рекордна година во однос на приходите од музички настани.
-
Лани во Хрватска биле регистрирани повеќе од 42.000 концерти, фестивали и слични настани - во просек 115 дневно.
Мицкоски: Не е проблем промена на Уставот, туку идентитетот
- Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последна, туку почеток на еден процес кој што нема да има крај, вели македонскиот премиер.
- Обидот за создавање нова македонска модерна нација и нов македонски модерен (современ) јазик, потврдува дека не е проблем промената на Уставот, туку идентитетот и јазикот, оцени Христијан Мицкоски, коментирајќи го вчерашното гласање во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.
- Таму вчера не помина обидот на бугарски европратеници да внесат амандман со кој во Извештајот за напредокот на Македонија пред формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ ќе стои додавката „модерен“.
-
„Не го доживувам тоа како победа туку како разочарување“, рече премиерот Мицкоски во интервју за МРТ. “Зошто? Затоа што во 21. век, во Европа, бевме сведоци на обид за создавање на вештачка нација и идентитет. Бидејќи тој амандман кој беше предложен де факто е обид да се создаде некоја нова модерна македонска нација, или некој нов модерен македонски јазик, што само по себе е преседан“, пренесува Дојче Веле.