Здружението на пензионери од Параќин (Србија), објави дека организира бесплатен превоз до Белград, за пролетниот концерт на групата Ајрон Меиден.
Здружението најави и дека на своите членови ќе им понуди логистичка помош за купување карти за концертот.
Ајрон Меиден во белградска Арена доаѓаат на 24 мај, а претседателот на здружението рекол дека интересот е голем и дека од Параќин за Белград ќе тргнат неколку автобуси.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.