Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Патриоти за Украина: Америка продава, Европа плаќа

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД одобрија продажба на 500 пресретнувачки ракети за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, за сума од 2,1 милијарда долари.
  • Трошоците во целост ќе бидат покриени од донации од Канада, Германија и Норвешка, преку програмата JUMPSTART, како и преку средства од Заемот на ЕУ за поддршка на Украина.
  • Володимир Зеленски предупреди дека може да поминат „неколку години“ додека не бидат испорачани ракетите. Според податоците на Пентагон, годишно се произведуваат само 600 вакви ракети.
  • Зеленски неодамна оцени дека 100 ракети би биле доволни за одбрана од руски балистички проектили во период од еден месец.
  • За успешно пресретнување на секој непријателски проектил, вообичаено се лансираат по две ракети.
извор

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

22 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Откако остана без настап на сплитската „Рива“, Дино Мерлин би можел да се соочи со уште едно откажување. Овој пат, неизвесна е судбината на неговиот нововогодишен концерт во црногорски Бар, закажан за 1 јануари 2027 година, поради високите трошоци за организација.
  • Мерлин требаше да настапи на 30 декември во Сплит но по бројните реакции за цената на настапот, градоначалникот Томислав Шута објави дека Сплит нема да го потпише договорот.
  • Подоцна тимот на Мерлин објави дека понудената и прифатена цена за ангажманот била 140.000 евра бруто. За Бар се спомнуваат вкупни трошоци од 300.000 евра.
извор

Македонски владици му биле на роденден на рускиот патријарх

22 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент.
  • Ги примил во Даниловиот манастир во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх.
  • „Многу нешта нè поврзуваат, веќе затоа што сме Словени, припаѓаме на кирилометодиевската традиција и го разбираме јазикот едни на други. Многу сум радосен што сега имаме можност заедно да се молиме и да служиме богослужби“, рекол Кирил.
  • Стариот рекол и дека оваа средба има историско значење: „Нашата денешна средба е посебна: за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква – помесна црква која доби законска автокефалија“.

  • Георгиј потсетил и на можноста што пред дваесет години им била овозможена на македонските студенти да се образуваат во духовните училишта во Русија, посочувајќи дека дел од нив денес се професори во семинариите и на Богословскиот факултет, како и на други значајни црковни институции во Македонија.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
4

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
5

Американска математика

Канта
6

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
7

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Балканштина
8

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
4

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
5

ГТА6: Симулација на папучар

Занимливости
6

Експерти: Германија нема да ја преживее енергетската транзиција

7

По холандските проектили врз руски мост - руски дрон по холандска амбасада

8

Науката уште се лекува од лажни податоци

Здравје
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Пленумец сака да остане анонимен

Браво за кумот

Дали постои природно „зло“?

Шорткат на македонски начин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy