- Премиерот Росен Жељазков објави оставка на владата, како одговорен потег поради масовното незадоволство на граѓаните изразено на уличните протести.
- Повеќе од 100.000 луѓе синоќа низ бугарските градови протестираа против арогантноста на властите и лошото управување со земјата и бараа оставка од владата.
- „Моќта произлегува од гласот на народот. Го слушаме гласот на граѓаните што протестираат против владата. Млади, стари, луѓе од различни етнички групи ги кренаа своите гласови за оставка. Ние ја поддржуваме граѓанската енергија, ја охрабруваме, изјави Жељазков.
- Тој ја објави оставката во Народното собрание непосредно пред гласањето за недоверба на владата, шесто по ред за кабинетот. Владата на Жељазков ги преживеа претходните пет, покренати поради слаби резултати за животна средина, за надворешната политика, борбата против корупцијата и фискалната политика.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.