Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нов рекорд на ЕУ: Има 64 милиони мигранти

22 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бројот на имигранти во земјите од ЕУ лани достигнал историски максимум од 64,2 милиони, објави Центарот за истражување и анализа на миграцијата  RFBerlin. Ова е за 2,1 милион повеќе од 2024 година и за 24 милиони повеќе отколку во 2010 година.
  • Најмногу имигранти има во Германија – 18 милиони, што е за 70% повеќе отколку во 2010 година. Имигрантите сочинуваат 21% од вкупното население во Германија, од кои 72% се на работоспособна возраст. Германија, исто така, е домаќин на убедливо најголем број бегалци во ЕУ – вкупно 2,7 милиони.
  • Шпанија има најбрз раст на дојденци. Нивниот број лани се зголемил за 700.000 и достигнал 9,5 милиони.
  • Имигрантите во Луксембург сочинуваат дури 52% од населението, далеку над просекот во ЕУ од 14%. Во Малта ги има 32% од вкупниот број жители, во Кипар 28%, а во Австрија 23%.
  • Словачка, Бугарија и Полска имаат најниско ниво на имигранти, под 5%.
  • Во 2025 година, во ЕУ имало 669.365 барања за азил, што е намалување од 26,6% во споредба со 2024 година. Три четвртини од барањата се поднесени во Шпанија, Италија, Франција и Германија.
извор

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
  • Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
  • Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.

  • Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
  • Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
  • Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
извор

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
  • Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
  •  Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата. 
  • „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
3

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
4

„Македонци претерали“

5

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
6

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
7

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
8

Оди па препиши

Видео
1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
3

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
4

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

5

Како хакираниот Брисел ќе чува податоци за 450 милиони луѓе?

Свет
6

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

7

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

8

Австриски опозициски лидер ја повика ЕУ да ги депортира мигрантите во Украина

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Апсолутно романтично превод

Балканштина

Помниме и уважаваме

Македонштина

Некој да ни објасни

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мене внучко, ме стрелаа

Сте виделе ли појак автогол?

И Саша Греј загина од идиоти

Вистината нема шанси со лагата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy