Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Најџел Фараж бара Французите да рефундираат 800 милиони фунти

14 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Лидерот на британските Реформисти сака Велика Британија да бара враќање пари од Франција, бидејќи Емануел Макрон не успеа да ги запре преминувањата на мали чамци преку Ла Манш.
  • Фараж вели дека е „смешно“ кога се гледа како француските воени бродови ги придружуваат чамците со мигранти во британските води и тврди дека за решавање на овој проблем, Велика Британија ѝ дала 800 милиони фунти на Франција.
  • Тој го нафрли овој предлог во време кога Стармер и Макрон преговараат договор по кој би можело од островот да се враќаат по 50 мигранти неделно.
  • Официјалните бројки покажуваат дека повеќе од 44.000 мигранти го преминале каналот откако лабуристите дојдоа на власт во јули минатата година.
извор

Сем Алтман го победи Илон Маск на суд

19 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Суд во Калифорнија ја отфрли тужбата од Илон Маск против Сем Алтман, во која го обвини дека ја споил непрофитната организација OpenAI во голем комерцијален бизнис.
  • Поротата не навлегуваше во содржината на тужбата и сведочењата во еднонеделниот судски процес, туку по само два часа се повика на технички детаљ – случајот застарел затоа што Маск чекал предолго да ја покрене тужбата.
  • Победата на Маск можеше да ја потресе индустријата и евентуално да го отстрани Алтман од челото на OpenAI. Директорот на Тесла, еден од коосновачите на OpenAI, побара отштета од 134 милијарди долари отштета и отстранување на Алтман и потпретседателот Грег Брокман од функциите.
  • Алтман сега може да се посвети на завршните подготовки за лансирање на OpenAI на берзата, со очекувана гигантска почетна понуда од над 1.000 милијарди долари.
  • OpenAI се бори со конкурентот Anthropic кој ќе биде прв што ќе излезе на берзата, веројатно до крајот на оваа година, за да привлече повеќе пари од потенцијалните инвеститори. Компанијата што ќе заостане ќе мора да се задоволи со она што преостанало на пазарот.
  • „Адвокатите на Маск ги искористија сведочењата од поранешните колеги на Алтман за да го прикажат како недоверлив лидер, за да му го уништат кредибилитетот. Освен овие откритија, тужбата се покажа како одвлекување на вниманието“, оцени аналитичарот Ден Ивс.
извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Што пејат бе овие?

Фудбал
3

Валенсија победи во 93-та минута и избори опстанок, нова супер одбрана на Столе

Фудбал
4

Три минути

Мешано
5

Има работа на кој му се седи

Канта
6

Нашата Евровизија

Музика
7

Нема поглуп створ од турист

Видео
8

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
1

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
2

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
3

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
7

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

8

Отворено писмо против АМП на Гугл

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Демек кого на Косово ќе го изгорат, и на Македонија ќе треба да дува?

Убавите луѓе се досадни

Хмм...

Порното е пофеминистичко од Холивуд

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy