- Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се одјави од затворот во Струга, каде издржуваше затворска казна за случајот „Империја“.
- Ослободувањето на Мијалков следува по уважување на неговата жалба од Апелациониот суд Скопје и донесеното решение, на 23 мај да биде ослободен од издржување на казната затвор, под услов до 25 април идната година да не стори ново кривично дело.
- „Лицето беше примерен затвореник, им помагаше на другите осудени лица во затворот. Беше вработен како шофер и совесно си ја вршеше работата“, рече директорот на установата, Ваљон Ќура.
- Кандидат за европратеник на кандидатската листа на Партијата за човековите права и демократија на Шведска е и Наке Туфекчиев, шведски државјанин со македонско потекло.
- “Иако конкуренцијата е јака, посакувам победа, односно избор за пратеник од Шведска во Европскиот Парламент. Доколку бидам избран, ќе бидам прв Македонец роден во државата Македонија кој се нашолво таква позиција“, вели тој.
- Американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време. Светот се развива на мултиполарна основа и Шведска мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на светот. Шведска мора да гради политики на активен мултилатерализам - од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи, наведува Туфекџиев во својата изборна програма