- После долга битка со рак за која малкумина знаеја, на 43 годишна возраст почина Леонард Радвински.
- Беше Американец со украинско потекло, остави сопруга, четири деца и богатство проценето на 4,7 милијарди долари.
- Во 2018 купи 75% од ОнлиФанс и го смени бизнис моделот: од општа претплата во претплата за следење на изложените модели (нагалено наречени контент креатори).
- Радвински од платформата заработуваше 1,9 милиони долари дневно.
- Онлифанс има близу 380 милиони корисници, близу 5 милиони модели. Околу 80% од корисниците се мажи, околу 80% од контент креаторите се девојки и жени.
- Корисниците трошат околу 8 милијарди долари годишно. Топ еден процент од креаторите земаат една третина од парите (80% од уплатите, Онлифанс задржува 20%), огромен дел заработуваат под сто долари месечно.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.