- Мишел Обама ги отфрла гласините дека се разведува од поранешниот претседател Барак Обама, кои се проширија откако тој се појави сам на погребот на поранешниот претседател Џими Картер и на инаугурацијата на Доналд Трамп.
- „Луѓето не можат да разберат дека правам избор за себе. Мораа да претпостават дека мојот сопруг и јас се разведуваме. За нив возрасна жена ме може да носи одлуки за себе, нели? Ако не се вклопуваш во стереотипот, ќе те етикетираат како нешто негативно и ужасно“, изјави поранашната прва дама на САД на подкастот Work in Progress на Софија Буш.
- Барак и Мишел се запознале во 1988 година во адвокатска фирма во Чикаго. Тие се венчаа во 1992 година и имаат две ќерки, Малија (26) и Саша (23).
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.