Оваа година Барак и Мишел Обама прославија 30 години од нивниот брак, но тој не секогаш бил хармоничен.
Поранешената прва дама призна дека една третина од заедничките години не можела да го поднесе својот сопруг, времето кога децата им биле мали а тој бркал политичка кариера.
Бракот не секогаш е 50:50. Некогаш јас сум 70, тој 30, некогаш тој 60 јас 40.
Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
„Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.