Манев го спомнал таткото на Вања под ќотек
12 март 2025
-
Велибор Манев сфатил дека се работи за девојче, кога го отвориле гепекот и Палевски ја распрашувал која е и кои ѝ се родители. „Јас и Кешишев бевме блиску до Палевски и му рековме ова е некоја грешка. Треба да ја пуштиме. Под маски сме и не нема никој видено да ја ослободиме. Палевски почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека се е таман. Сè било чисто. Нема што да се бере гајле,“ рече Велибор Манев.
- „Се свртев да видам кај да ја ставиме, и тогаш Палевски му пријде на детето со пиштол, со перниче во рака, го испука куршумот преку перниче,“ раскажал Манев.
- Палевски извадил лопата, ашов и копач од реното и им ги дал и наредил да ја ископаат дупката каде подоцна ќе го закопаат девојчето. Првично Палевски им ветил по 150 илјади евра за грабнување на жената. За потоа откако виделе дека е грабнато девојче им рекол дека сумата ќе биде помала.
- Манев ја обвини полицијата за тортура, рече дека таткото на Вања, обвинетиот Александар, не бил инволвиран во киднапирањето, туку дека со ќотек му го изнудиле таквото признание инспекторите од Скопје.