- Францускиот претседател Емануел Макрон повторно му го даде премиерскиот мандат на Себастијан Лекорну, кој веќе поднесе оставка од функцијата во понеделникот, уште пред да го одржи првиот состанок со својот претходен кабинет.
- Макрон се надева дека лојалниот Лекорну ќе успее до понеделник да го подготви буџетот за 2026 година и да го протурка во поделеното Национално собрание.
- Десничарите на Марин ле Пен категорично бараат оставка од Макрон и распишување вонредни претседателски избори, како обид за излез од политичката криза. Макрон има уште 18 месеци од мандатот во Елисејската палата и рејтинг од едвај 14%.
- „Владата Лекорну 2 на Емануел Макрон, кој нема допир со реалноста, е лош виц, демократски срам и понижување на Французите“, оцени лидерот на Национален собир, Жордан Бардела.
- За да го поддржат буџетот, левичарите бараат Макрон да се откаже од пензиската реформа, која ја зголемува возраста за заминување во пензија и да воведе даноци за богатите. Во спротивно ќе инсистираат на предвремени парламентарни избори.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.