Косово прифаќа депортирани лица од САД
11 јуни 2025
- Косово го прифати барањето од Вашингтон да прифаќа мигранти депортирани од САД. Во почетокот ќе прима по 50 депортирани лица годишно.
- Владата изрази спремност да учествува, со можност да избира лица од предложен список, за да утврди дали ги задоволуваат специфичните критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, соопшти владата во Приштина.
- Косово веќе има постигнато договор со Данска да прифати 300 затвореници по 2027 година, за сума од 210 милиони евра.
- Приштина изрази интерес да прифаќа и депортирани азиланти од Британија.