Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кога документите ги демантираат демантите

20 мај 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од Софија, од Солапро Холдинг АД, деновиве ни стигна барање да демантираме наводи од статија на ИРЛ (овде) која ја бевме пренеле во истава оваа рубрика „Набрзинка“ (овде).
  • Викаат „ Како странски инвеститор во Р. Северна Македонија, написот на ИРЛ го доживуваме како удар врз бизнис заедницата од странство и особено од блиска земја од соседството.“ (овде)
  • ИРЛ добиле деманти и од нив и од Кочо Анѓушев -речиси идентични и речиси синхронизирано - дека не постои ни директна ни индиректна поврзаност меѓу нив.
  • ИРЛ удриле втора рака проверка на фактите и документите и имаат нова статија на таа тема, во која заклучуваат дека ги потврдиле своите првични наоди.
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

2

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

3

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
4

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Занимливости
5

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Немојте бе химни

Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

Шапка - Haute Couture

Животот и смртта на Перхан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy