Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Климатската конференција заврши, фосилните остануваат

23 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Овогодишната глобална конференција за климата на Обединетите нации заврши со договор кој не успеа да го реши постепеното укинување на фосилните горива.
  • Соединетите Американски Држави беа упадливо отсутни од овогодинешните разговори, познати како COP30, откако администрацијата на Трамп одби да испрати делегација во Белем, Бразил.
  • Конференцијата донесе само скромен напредок во меѓународните напори за ограничување на глобалното затоплување и плаќање на трошоците за прилагодување кон потопла планета.
  • Постигнатиот формален договор не вклучува никакво споменување на фосилните горива.
извор

САД: Пекинг со еден повик може да ја запре војната во Украина

16 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Кина обезбедува клучна поддршка за руската агресија во Украина и би можела да ја заврши војната со еден телефонски повик, изјави американскиот амбасадор во НАТО.
  • „Пекинг би можел да му се јави на Владимир Путин и да ја заврши оваа војна утре, ако го прекине доставувањето технологии со двојна намена. Би можела и да престане да купува руска нафта и гас“, изјави амбасадорот Метју Витакер. 
  • Русија се потпира на Кина за набавка за критични делови и компоненти за беспилотни летала и друга воена опрема. Откако Европа воведе санкции за Москва, Кина стана и најголем увозник на руска нафта.
  • Во јануари во кинеските пристаништа просечно пристигнувале по 1,65 милиони барели руска сурова нафта. Тоа е најмногу од март 2024 година и второ највисоко количество по инвазијата врз Украина пред четири години.
  • Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли како „целосно неосновани“ обвинувањата дека ги поддржува воените напори на Русија.
извор

Почина Ленче Делова од Драмски

15 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години.
  • Нејзиниот талент, сценска присутност и човечка топлина оставија неизбришлива трага на сцената и во срцата на публиката. Со секоја улога таа внесуваше искреност, емоција и посветеност, градејќи ликови кои долго ќе се паметат. Нејзината насмевка и ведриот дух беа светлина зад сцената, а нејзината професионалност пример за генерации актери, напишаа колегите.
  • Делова играла во 60-тина претстави во Драмски театар, а глумеше и во над 30 филмови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина
2

Вучиќ за Шеќеринска: Од неа можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла

3

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина
4

Мараја Кери - Куршлусо

Забава
5

Научно темелен апел да не се уништува запленетата марихуана

6

Времето ги открива улогите

Разно
7

Американската економија се потпира на измама и фалсификувани пари

Свет
8

Од македонскиот Буковски

Онака
1

Вучиќ за Шеќеринска: Од неа можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла

2

Научно темелен апел да не се уништува запленетата марихуана

3

Американската економија се потпира на измама и фалсификувани пари

Свет
4

Почина Ленче Делова од Драмски

5

Наместо знаење и мудрост, во мозоците ни се таложи микропластика

Здравје
6

Цензорите го кастрираа Витрувиевиот човек

Занимливости
7

Франција им се враќа на нуклеарните реактори

Свет
8

Германија разби голема мрежа за лажно полагање тестови за државјанство

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Македонштина

Фала Заев, фала Димитров, фала Шарена револуцијо

Македонштина

Каков град е Скопје, среќни сме што сврти десно

Македонштина

Да видиме до кај сме

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога успехот (во школото) води кон пораз (во животот)

Најголемиот непријател на слободата

Дежуловиќ: Јасно е за што служат коментарите на порталите

Комшиска завист

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy