- Најголем фаворит за нов папа е филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, кого го нарекуваат „Азискиот Франциско“. Кладилниците му даваат 40% шанси дека ќе биде избран со двотретинско мнозинство на конклавата во Ватикан.
- Роден во 1957 година во семејство со кинеско-филипински корени, Тагле докторирал теологија во САД, во 2011 година бил назначен за надбискуп на Манила, а во 2012 година за кардинал. Од 2020 година е про-префект за евангелизација, најважното тело во Ватикан за мисионерските работи на Римокатоличката црква.
- Тагле се истакнува меѓу кардиналите со едноставниот стил и блиските односи со обичните луѓе, особено од маргинализираните групи, што му беа белези и на папата Франциско. Течно зборува филипински, италијански, англиски, шпански и француски јазик.
- Речиси подеднакви шанси за нов папа кладилниците му даваат на италијанскиот кардинал Пјетро Паролини, кој е државен секретар на Ватикан од 2013 година. Тој има големо дипломатско и политичко искуство и ја следи теолошката траекторија на Франциско.
- Поради строгата тајност на изборот и политичките игри во Ватикан, Италијанците предупредуваат дека е речиси невозможно да се погоди кој ќе биде нов папа. Тие имаат стара поговорка: Оној што влегува на конклава како папа, излегува како кардинал“.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.