- Украина најави дека уште денеска ќе го отвори нафтоводот Дружба, кој носи руска сурова нафта до Унгарија и до Словачка, за да ѝ овозможи на Европската Унија утре да го одобри заемот за Киев од 90 милијарди евра.
- Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан по поразот на изборите изјави дека ќе го повлече ветото за заемот веднаш штом неговата земја повторно почне да добива руска нафта преку Дружба, кој поминува преку украинска територија.
- Кипарското претседателство со Советот на ЕУ го стави украинскиот заем на дневен ред на состанокот на 27-те амбасадори на ЕУ закажан за утре. Ако биде одобрен од сите членки, исплатата на средствата би можела да биде извршена во рок од една или две недели.
- Заемот од ЕУ треба да ги покрие државните финансиски обврски на Украина во следните две години.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.